Познат германски судија ќе ја дели правдата на мечот меѓу Италија и Македонија
Италија и Македонија ќе ги одмерат силите во квалификациите за Европското првенство, меч кој е закажан за утре од 20:45 часот на „Олимпико“.
Ова е средба која е од исклучителна важност за домаќините, средба на која се освен победа за нив ќе биде тежок удар, катастрофа и јасно е дека притисокот ќе биде голем. Од друга страна пак избраниците на Милевски можат да бидат спокојни, поточно за нив е нова шанса за докажување, шанса одново да се истакнат на големата сцена и во исто време со позитивен резултат да ја стават Македонија во фокусот на сите европски и светски спортски медиуми.
УЕФА веќе го делегираше судијата кој ќе ја дели правдата, тоа е познатиот германски арбитар 42-годишниот Феликс Цвајер. Во минатото коло во Бундеслигата тој го водеше дуелот Борусија Менхенгладбах-Волфзбург, во ЛШ последен дуел во беше Селтик-Атлетико Мадрид, а во овие европски квалификации последниот ангажман го имаше на мечот Холандија-Франција.
Асистенти ќе му бидат Стефан Луп и Марко Ахмилер, четврти судија е Патрик Итрих, а во ВАР собата главни ќе бидат Бастијан Данкерт и Кристијан Дингерт.
Comments