Ѓоковиќ по разочарувањето во Токио има нова цел: Париз 2024!
Updated: Aug 5, 2021
04.07.2021 Sreda
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ по олимпиското „фијаско“ во Токио, каде што загуби во борбата за бронза во сингл и воопшто не се појави во борбата за бронза во мешани двојки, има нова цел – Олимпијадата во Париз за три години. Ѓоковиќ имаше шанса да го повтори успехот на Штефи Граф од 1988, таканаречениот „златен слем“ со четирите гренд слем титули и со злато од Олимпијадите, но наместо тоа добивме нервоза на теренот, кршење рекети (во олимписките кругови) и разочарување. Сепак, 20-кратниот гренд слем шампион не се откажува од олимпискиот сон. „Беше вистинска привилегија да се претставува Србија на Олимпијадата. Благодарам Токио 2020 и сите кои помогнаа. Дадов се од моето срце за медал, и ќе се вратам посилен во Париз во 2024 година“, вели Ѓоковиќ преку социјалните мрежи.
コメント