top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ по поразот во Мелбурн: Шокиран сум од моето ниво

26.01.2024 Januari Petok

Новак Ѓоковиќ долго не знаеше за пораз на Аустралијан Опен, никогаш немаше загубено во полуфиналето на овој грен-слем, но тоа му се случи денеска на дуелот со Јаник Синер.

Светскиот рекет број еден ќе чека следна шанса за нова грен-слем титула, а по денешното соочување со Италијанецот признал дека не бил на потребното ниво, не само во полуфиналето, туку и на целиот турнир.

– Сакам да му ја честитам победата на Синер, заслужено обезбеди финале бидејќи ме надигра.

– Шокирн сум од моето ниво, ништо не играв како што треба, ова е еден од најлошите мечеви кои сум ги одиграл на грен-слем турнир.

– Нивото на тенисот не беше добар, да бидам искрен тоа важи за целиот турнир. Не играв на начин на кој што можам, можеби само против Манарино. Се изненадив денеска бидејќи не очекував дека можам да одиграм толку лоши два сета, – изјавил Ѓоковиќ


7 views

コメント


bottom of page