Ѓоковиќ откри кое било „тајното оружје“ на Алкарас во големото финале: Буквално ме разби
15.07.2024 juli Ponedelnik
Новак Ѓоковиќ е голем шампион и во победа и во пораз, а тоа го покажа и по новиот болен резултат за него во големото финале на Вимблдон.
Втора година по ред, седумкратниот шампион во Ол Ингланд клубот загуби во финале од Карлос Алкарас, но за разлика од пред една година кога се играа пет сета, Ноле сега беше целосно надигран од Шпанецот.
Алкарас се прошета во првите два сета кои ги доби со 6:2, додека во одлучувачкиот беше поуспешен во тајбрејкот кој го доби со 7:4. Офанзивниот пристап и агресивната игра на Алкарас беше она што го одбележа големото финале, но Ѓоковиќ призна дека „тајно оружје“ на Карлито всушност бил разорниот сервис кој нималку не го очекувал.
– Големи честитки до Алкарас, ја заслужи титулата во секоја смисла на зборот. Беше подобар од мене од почеток до крај. Малку го продолжив финалето со три спасени меч топки, но тој едноставно играше поквалитетно, беше неизбежно да победи. Во секој удар беше подобар од мене, не можев многу да направам. Добро ме читаше, не ми дозволуваше лесни поени на мој сервис, а тој играше многу разновидно. Најмногу ме изненади неговото „тајно оружје“, никогаш го немав видено да сервира толку брзо, можеби нешто пропуштив во анализата на овој турнир.
– Имаше бомби на сервис, не знам како успеа да сервира толку моќно и продорна, секоја чест за тоа. Мислам дека ме надмудри во секоја тениски сегмент, беше за чекор понапред во секој момент. Во буквална тениска смисла, тој ме разби на теренот, – изјави Ѓоковиќ на пресот по мечот.
– За мене сега преостануваат Олимписките игри и Ју-Ес Опен, тоа се моите две цели до крајот на сезоната. Морам да бидам подобар на тие турнири. Синер и Алкарас досега се најдобри оваа година, едноставно чувствувам дека не сум на нивно ниво во овој момент. Ако сакам да освојам некој турнир од споменатите два, ќе морам да ја подигнам играта и верувајте дека ќе работам на тоа. Обично знам да се издигнам после вакви порази, сум имал такви искуства и во минатото. Секогаш се издигнувам после препреките кои ќе се јават на патот, – заврши Србинот.
Yorumlar