top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ откако Алкараз му го презеде тронот: Му честитам, не се каам за ништо

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се јави со коментар во јавноста откако младиот шпански тенисер, Карлос Алкараз се врати на врвот на АТП листата.

Ѓоковиќ не доби дозвола за настап во Мајами и Индијан Велс, поради тоа што не е вакциниран, па го загуби првото место на АТП листата. И покрај тоа, Србинот изјави дека воопшто не се кае за неговите постапки и нагласи дека сепак се надева дека на крај ќе му биде дозволено да игра на Ју Ес Опен.

– Не се каам, во животот научив дека каењето може само да ви штети, да ве натера да живеете во минатото, а јас тоа не го сакам. Не сакам ни премногу да живеам во иднината.

– Сакам да бидам во сегашноста, но и да размислувам за иднината, за да создадам подобра иднина. Му честитам на Алкараз, апсолутно заслужи да се врати на првото место.

– Штета е што не можев да играм во Индијан Велс и Мајами, ги сакам тие турнири. Имав многу успех таму, но донесов свесна одлука и знаев дека постои ризик да не се појавам на турнирите затоа што моментално таква е ситуацијата. Се надевам дека оваа година се ќе се промени за Ју- Ес Опен. Тоа за мене е најважен турнир на американско тло, -изјави Ѓоковиќ.


1 view

Comments


bottom of page