top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ осцилираше во првиот сет, па „експлодираше“ за четвртфинале во Париз

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ обезбеди место меѓу осумте најдобри на АТП Мастерсот во Париз.

Поранешниот светски рекет број еден во денешното осминафинале го доби Карен Хачанов од Русија со 2-0 со 6:4, 6:1 Новак имаше осцилации во играта во првиот сет, поведе со 3-0 по што му дозволи на противникот да израмни на 3-3 и да дојде до предност од 30-15 во седмиот гејм, но од тука тргна да се враќа во посакуваниот ритам и првиот сет го затвори со 6-4 за да во вториот експлодира и загуби само еден гејм.




1 view

Comments


bottom of page