top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ одлучи да направи операција, експертите излегоа со први прогнози за негово враќање на терените

05.06.2024 Juni Sreda

Новак Ѓоковиќ се повреди на осминафиналниот меч против Франциско Серундоло и со скинат менискус успеа да стигне до победа, но во текот на вчерашниот ден самиот соопшти дека се повлекува и нема да го доигра Ролан Гарос.

Ова беше првата важна одлука која ја донесе најдобриот светски тенисер, но денеска мораше да ја донесе и втората, а истата е сосема очекувана и рационална со оглед на згуснатиот распоред кој следи.

Ѓоковиќ мораше брзо да реагира и одлучи дека денеска ќе подлегне на експресна операција на повреденото колено, што автоматски значи дека со тоа се крати периодот минат во рехабилитација.

Доколку се одлучеше за алтернативен третман, истиот можеше да изнесува од три до шест месеци, но со направена операција на менискусот, Ноле може да почне со тренинзи за еден месец.

– Операцијата го забрзува заздравувањето, може да изнесува четири недели. Не можеме да знаеме додека нема точни инфомации, но нереално е да го видиме Ноле на Вимблдон. Мислам дека ќе има доволно време да се подготви за Олимписките игри, – вели Доброслав Мелајац во интервјуто за „Спорт Клуб“.

Токму овој медиум ја пренесе екслузивната вест дека Новак се одлучил да направи операција денеска во Париз, па повеќе од јасно е дека негова примарна цел ќе биде олимпискиот турнир во Париз кој започнува на 27-ми јули.

Вимблдон почнува на 1-ви јули, па во овој момент изгледа навистина невозможна мисија Ноле да ја брка својата осма титула во Ол Ингланд клубот.


1 view

Comments


bottom of page