Ѓоковиќ: Ова е најголемата победа во мојата кариера
Новак Ѓоковиќ е наследникот на Рафаел Надал на тронот на Австралија Опен, турнир кој го освои по десетти пат во кариерата и тоа откако во завршниот меч славеше над Стефанос Циципас со 3-0 во сетови (6-3 7-6 7-6 )
Србинот се прикажа во најдобро светло и за нешто помалку од три часа дојде до 22. грен слем во кариерата со што се израмни на врвот со Рафаел Надал. Многу емоции видовме од Новак по завршувањето на финалето, а колку овој триумф му значи најдобро говори тоа што порача дека славјето во Мелбурн е негово најголемо во досегашната кариера.
-Ова беше еден од најтешките турнири со оглед на околностите. Не играв минатата година, а сега се вратив. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе што ме натераа да се чувствувам пријатно.
-Само тимот и семејството знаат низ што поминавме. Јас би рекол дека ова е најголемата победа во мојот живот со оглед на околностите, -порача Новак по освоениот пехар на арената „Род Лејвер“.

Comments