top of page

Ѓоковиќ: Ова е многу повеќе од „уште еден трофеј“ за тенис

Oct 6
2 min read

06.10.2026 Ojktomvri Vtornik

Новак Ѓоковиќ доби пеколен ждреб за турнирот во Пекинг и малку кој му даваше шанси за значаен пласман после проблемите кои ги имаше во изминатите неколку месеци, па иако не изгледаше најдобри и најсвежо во првите две рунди, како што одминуваше турнирот, Ноле стануваше се подобар.

Србинот го почна турнирот со неверојатна серија од 29 последователни победи на турнирот во Пекинг и како шесткратен шампион, но бидејќи се врати на истиот терен за првпат после 11 години, никој не знаеше што да очекува.

Воведните две победи му дадоа верба дека може да се носи со ривалите, а во четвртфиналето и полуфиналето покажа дека може да се надигрува со силни ривали како Александер Зверев и Данил Медведев.

Ѓоковиќ денеска го победи и Алекс Де Минор кој се предаде при негатива од 1:0 во сетови, па со 34-та победа во Пекинг ја завери и 102-та титула во блескавата кариера.

– Играв тука последен пат пред 11 години. Секогаш имам големи очекувања од себе, се замислувам со трофејот во раце, особено овде во Пекинг каде никогаш немам изгубено. Од друга страна, бев свесен дека реалноста сега е малку поинаква после 11 години. Оваа година беше многу предизвикувачка за мене, имав многу подеми и падови, физички борби и здравствени проблеми. Долго ми требаше да го пронајдам чувството кое го имав оваа недела.

– Знам дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво кога се чувствувам добро, оваа недела беше илустрација за тоа. Многу сум горд на тоа што го направив, посебно сум му благодарен на мојот тим. Благодарам за трпението и за поддршката. Тие знаат низ што минавме овие неколку години, поготово оваа. Затоа овој трофеј е многу повеќе „од уште една титула“ за сите нас. Навистина сум многу среќен, – изјави Ноле со трофејот во рака.


 
 
 

Comments


bottom of page