top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ објасни во каква состојба е неговото колено по тешкиот испит од домашниот тенисер

05.07.2024 juli Petok

Новак Ѓоковиќ се уште не се движи на посакувано ниво поради операцијата на коленото, но иако загуби сет во второто коло на Вимблдон, сепак успеа да се пласира во наредната рунда со победа во четири сета.

Србинот најде решение за упорниот Џејкоб Фирнли и во меч во кој доста се мачеше ја оствари целта, а по извојуваната победа, за новинарите во Лондон говорел и за состојбата на неговото колено.

– Имав голем предизвик и не беше лесно за игра. Многу дуваше и ветерот правеше проблеми. Беше тешко да се пронајде прав ритам, едноставно има денови кога се случува тоа.

– Коленото не ми правеше проблем, но чувствувам дека се уште има влијание врз моето движење. Се уште не сум на ниво на кое сакам да бидам, доцнев на некои топки на кои обично не доцнам. Коленото не ме болеше, а тоа е одлична вест. Реагираше добро и при слободните денови, засега не чувствувам никакви потешкотии.

– Да бидам искрен, воопшто не се грижам дали ќе ја обновам повредата. Немам време, ниту енергија да мислам во тој правец. Немаше да бидам тука ако мислев на обновување на повредата. Не само јас, туку и целиот мој тим, – потенцира Србинот.


2 views

Comments


bottom of page