Ѓоковиќ нема да игра на турнирот на кој има четири титули
Новак Ѓоковиќ немаше посакуван крај на третиот календарски грен слем Вимблдон на кој загуби од Карлос Алкарас во големото финале, пораз по кој одлучи да направи пауза и да ги наполни батериите пред предизвиците кои следуваат до крајот на годината.
Таа негова пауза ќе потрае и доказ за тоа е откажаниот настап на Мастерсот во Торонто, турнир на кој во минатото има освоено четири пехари.
-Отсекогаш сум уживал во време на престојот во Канада, но откако разговарав со мојот тим донесов одлука за која верувам дека е исправна. Би сакал да му се заблагодарам на Карл Хејл, директорот на турнирот за разбирањето на оваа одлука. Навистина се надевам дека во иднина ќе имам можност да играм во Канада, во Торонто, пред одлична публика, -порача Ноле.
Во главниот ждреб наместо Новак ќе биде Кристофер Јубенкс. Првиот турнир на Ѓоковиќ по Вимблдон ќе биде Мастерсот во Синсинати.
Comments