top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ: Не знам уште колку време ќе бидам „гладен“ за титули

Новак Ѓоковиќ веќе долго време е меѓу најдобрите светски тенисери, но времето лето и тој во текот на овој месец ќе го прослави 36 роденден што значи дека едноставно е чекор поблиску до пензија. Меѓутоа Србинот е подготвен за борба, надигрување и нема намера се уште да им остави простор на помладите колеги, поточно ќе мора тие со нивниот квалитет, потенцијал да покажат дека се подобри од него. -Не знам уште колку долго ќе бидам гладен за титули, можам да ви гарантирам дека сè уште е присутно со мене, барем засега. И тоа многу ме мотивира, -рече Новак кој ќе настапи на Мастерсот во Рим каде првата титула ја освои во 2008 година. Ова за Ѓоковиќ ќе биде последен предизвик пред вториот календарски грен слем Ролан Гарос.


0 views

Comments


bottom of page