Search
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер
14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik
Новак Ѓоковиќ играше против Јаник Синер во големото финале на Шангај, но во противничкиот табор беа и негови блиски соработници со кои неодамна се раздели.
Марко Паники и Улисес Бадио беа дел од многу важни успеси на Србинот, меѓутоа од неодамна се дел од боксот на Јаник Синер кој реши да ги придодаде двајцата во својот тим.
Долгогодишните пријатели на Новак вчера навиваа против својот поранешен „пулен“, а таквиот нивен однос предизвика и одредена нервоза кај Србинот.
По загубениот прв сет, Паники и Бадио отворено го славеа успехот на Синер во тој дел од играта, по што Ѓоковиќ иронично одмавнуваше и се смееше….
– Аплауз а??? Океј……, – порача Ноле.
Comments