Ѓоковиќ најдобар, но и најбогат тенисер во 2021-та
26.11.2021 Noemvri Petok
Тениската сезона за годинава полека завршува, останува уште финалната борба во Дејвис-купот. Србинот Новак Ѓоковиќ, освен што беше најдобар играч за 2021 година, тој е и тенисерот што оствари најголема финансиска добивка во последнава година. Србинот освои три гранслем-турнири, а одличната сезона му донесе 9.100.547 долари, односно повеќе од еден милион и пол во однос на второпласираниот, Русинот Данил Медведев, победникот на САД опен. Германецот Александар Зверев е исто така во групата со Ѓоковиќ и Медведев, со близу шест и пол милиони, додека преостанатите играчи инкасираа многу помалку од нив.
Топ 10 по заработка
1. Новак Ѓоковиќ 9.100.547 2. Данил Медведев 7.481.271 3. Александар Зверев 6.420.344 4. Стефанос Циципас 3.579.155 5. Андреј Рубљов 3.331.378 6. Матео Беретини 3.231.908 7. Камерон Нори 2.623.881 8. Каспер Руд 2.314.629 9. Хуберт Хуркач 2.313.289 10. Јаник Синер 2.233.199
Kommentare