top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ му ја откри својата тајна на Кирјос: Ако го направиш тоа, ќе освоиш грен слем

Новак Ѓоковиќ доби свој голем фан во Ник Кирјос и нивното пријателство расте од меч во меч на Аустралијан Опен, турнир на кој Србинот рано утрово се пласираше во полуфиналето.

Светскиот рекет број еден воспостави комуникација со Кирјос уште за време на мечот со Тејлор Фриц и му испраќаше бакнежи кон коментаторската зона, но потоа ја имашес честа да говорои со Австралиецот по победата од 3:1.

Кирјос за првпат го интрвјуираше Ноле доле на теренот, па нивната комуникација заврши со откривање на дел од тајната која Србинот ја крие во Мелбурн.

Ѓоковиќ десетпати триумфираше на тенискиот грен слем во Австралија и самиот има признаено дека голема среќа му носи едно старо дрво од „кралската ботаничка градина“ во Мелбурн, па Кирјос посака Новак да му покаже за кое дрво станува збор.

– Ќе ти го покажам само на тебе, но нема да кажеш никому…. Тоа е тајна, треба да се качиш на врвот на дрвото, да се свртиш наопаку и да висиш 33 минути и 3 секунди. Тогаш ќе освоиш грен слем….., – му порача Ноле на Кирјос.


5 views

Comments


bottom of page