Ѓоковиќ: Многу сум привилегиран што постигнав толку многу победи
16.05.2022 Maj Ponedelnik
ТЕНИС
Српскиот тенис ас Новак Ѓоковиќ, со победата во полуфиналето на мастерс-турнирот од серијата 1.000 во Рим против Норвежанецот Каспер Руд (6-4, 6-3), влезе во кругот тенисери на кои им успеало да остварат 1.000 и повеќе поединечни победи во својата кариера. Со тоа првиот рекет во светот им се придружи на тенисерите со барем 1.000 победи, Американецот Џими Конорс, кој оствари 1.274 победи, Швајцарецот Роже Федерер со 1.251, Чехот Иван Лендл со 1.068, и Шпанецот Рафаел Надал со 1.051 поединечна победа. Во финалниот дуел вчера, Ѓоковиќ играше со Стефанос Циципас за својата 1.001. победа. – Благодарност до турнирот и до публиката, со која ја прославив „илјадарката“. Ги гледав Федерер и Надал во претходните години и едвај чекав да стигнам до 1000-та победа. Многу сум привилегиран што постигнав толку многу АТП-победи – изјави Ѓоковиќ.
НАЈМНОГУ ПОБЕДИ
Џими Конорс 1.274 Роже Федерер 1.251 Иван Лендл 1.068 Рафаел Надал 1.051 Новак Ѓоковиќ 1.000 Извор: АТП
победи заклучно со 14 мај 2022
Comments