top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ: Ми се допаѓа филозофијата на Ибрахимовиќ, има менталитет на шампион…

Updated: Nov 12, 2021

11.11.2021 Noemvri Cetvrtok

Новак Ѓоковиќ по освојување на Мастерсот во Париз е пред нов предизвик завршниот АТП турнир во Торино. Ова е одлична можност за првиот светски рекет на идеален начин да ја заокружи оваа календарска година, односно да ги тргне и заборави неуспесите на ЛОИ во Токио и на Ју-Ес Опен каде беше на чекор да испише историја во светот на овој спорт. -Поразот не го доживувам само како разочарувачка емоција, туку и како можност за ментален раст и зајакнување на карактерот, можност да се извлечам како личност од тешката ситуација и да станам подобар играч отколку што бев. Дефинитивно ми беше тешко. Нашиот ум ја има важноста што ја имаат физичките и техничките аспекти на играта. Мора да бидете способни да разберете како да управувате со негативната енергија на најпродуктивен начин, -вели Новак кој потоа се осврна на тоа што го очекува во Торино. -Ова е можност да се вратам во градот во кој бев само еднаш, на 15 години кога играв на јуниорскиот турнир. Ќе се трудам да уживам што повеќе. Среќен сум што финалето на АТП се игра во Италија, каде секогаш забележувам голема страст за спортот и имам многу посебен однос со навивачите. Секако би можел да кажам дека имам голем успех во Лондон во последните 11 години, но за промоција на нашиот спорт е одлично што финалето може да се игра во друга земја која го сака тенисот, -порача Србинот. Во Италија игра еден од неговите пријатели Златан Ибрахимовиќ, човек во кој Новак признава дека се пронаоѓа и има сличен менталитет како ѕвездата на Милан. -Ми се допаѓа неговата филозофија кога вели: „колку стареам, толку се чувствувам помлад“. Тој е навистина симбол на балканскиот менталитет, силата за никогаш да не се откажуваме и големата самодоверба. Се препознавам во тоа: тој има менталитет на шампион кој ги почитува другите, но кој на теренот влегува со свесност за неговите квалитети кои произлегуваат од неговата работна етика, -истакна големиот шампион во интервјуто за „Газета Дело Спорт“.


1 view

Comments


bottom of page