top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ: Ме умори трката за историја, ама сега сум свеж

Новак Ѓоковиќ успешно го заврши АТП Мастерсот во Париз и сега цели кон нова победа, триумф на завршниот турнир кој годинава се игра во Торино.

Србинот имаше напорна година во која имаше можност да испише и нова историја, меѓутоа доживеа удари на ОИ во Токио и Ју-Ес Опен каде загуби во финалето по што направи пауза по која дојде триумфот на турнирот од серијата 1000 во француската престолнина.

-Се чувствувам посвеж, бидејќи немам играно многу турнири како претходните години. Ама имаше исцрпувачки настани, особено кога зборуваме за грен слемовите. Не само физички, туку ментално и емоционално. Оваа година беше поразлична од другите досега, бидејќи се соочив со притисокот што доаѓа со историско достигнување. Многу влијаеше на мене, се изморив. Чувствував дека ми треба пауза за да се освежам и да бидам подготвен за крајот на сезоната. Добро беше во Париз каде што ја освоив титулата. Се надевам дека ќе имам успех и тука, -рече Новак кој нема славје на завршните турнири уште од 2015 година.

-Овој турнир се игра на крајот од сезоната. Во првата фаза од мојата кариера тоа беше еден од моите најуспешни турнири, успеав да го освојам три пати по ред. Ама да, немам освоено титула од 2015 година, иако имаше финалиња и полуфиналиња. Можеби тоа беше поради потрошената енергија во текот на сезоната. Мора да играте најдобро што можете на вакви турнири. Понекогаш немате „доволно гориво“, но мора да одиграте пет врвни натпревари за да ја освоите титулата, -истакна првиот светки рекет кој е во группа заедно со Циципас, Рубљов и Руд.


2 views

Comments


bottom of page