Ѓоковиќ како брз воз мина во дуелот со Циципас тенис
- Aleksandar Santovski
- 5 days ago
- 1 min read
02.07.2026 juli cetvrtok
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми обезбеди место во третото коло на Вимблдон, откако на Централниот терен убедливо го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-4 и 6-2.
Седумкратниот шампион на најпрестижниот тениски турнир до победата стигна за само 100 минути, демонстрирајќи уште еднаш зошто и оваа година важи за еден од главните фаворити за освојување на трофејот. Иако се очекуваше Ѓоковиќ да ја оправда фаворитската улога, малкумина предвидуваа толку убедлив настап против Циципас.
Грчкиот тенисер, кој во последниот период се соочува со пад во формата, не успеа да му парира на расположениот српски ас, кој од самиот почеток го контролираше текот на натпреварот. Ѓоковиќ сигурно сервираше, беше доминантен во размените и не му дозволи на противникот да создаде сериозен притисок.
Во сите три сета ја диктираше играта и рутински ја приведе средбата кон крај. Со оваа победа, српскиот тенисер продолжува со успешниот поход кон својата осма титула на Вимблдон, а формата што ја прикажува на стартот од турнирот испраќа јасна порака до неговите конкуренти дека повторно е подготвен да се бори за највисокото место.






Comments