Ѓоковиќ искрено: Морав да ги намалам очекувањата…
31.05.2024 Maj Petok
Новак Ѓоковиќ забележа две победа на Ролан Гарос што дефинитивно е добар почеток за првиот светски рекет кој засега нема добра 2024 година.
Србинот беше особено сигурен вчера против Роберто Карбалјес Баена каде во вториот и третиот сет го растури противникот со 6-1 и 6-2, па тоа дефинитивно може да му помогне со оглед на тоа што немаше соодветна, посакувана подготовка за Френч Опен.
-Немав многу победи пред да дојдам на Ролан Гарос, па морав да ги намалам моите очекувања. Сепак, секако дека секогаш верувам во себе и во своите способности. Знам што можам да направам, -вели Ѓоковиќ и додава:
-Сум го правел тоа многупати во кариерата, па… Да се стигне далеку на Грен слем, тоа секогаш била целта, во последните пет години можеби повеќе од 15-те претходно. Затоа гледам што е следно, што доаѓа. Да се надеваме дека ќе испорачам добри игри“, заклучи Србинот кој за следен ривал ќе го има Лоренцо Музети.
Hozzászólások