Ѓоковиќ: Имав напорно лето, сакам да ја крунисам сезоната со уште еден триумф
26.08.2021 Avgust Cetvrtok
Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ одлучи да се повлече и одмори по Олимписките Игри во Токио, но сега тој е свеж и подготвен да го нападне трофејот на Ју-Ес Опен во Њујорк. Ова за Ноле е шанса да дојде до 21 грен слем трофеј во кариерата, шанса која Србинот се надева дека ќе ја искористи и со тоа на перфектен начин ќе ја заокружи оваа календарска година кога се во прашање настапите на најголемите турнири. -Имав многу одмор, баш доста за тенисер. Поминаа три и пол недели од последниот натпревар. Навикнати сме на тоа. Тенис се игра во текот на целата година, немавме многу одмор особено во олимписка година. Имав одлично лето, бев доста исцрпен, но не можам да се жалам. Ја имав најдобрата сезона во однос на грен слем турнирите и се надевам дека ќе можам да ја крунисам со уште еден триумф, -порача Ноле.
Comments