top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ има јасна цел: Сакам да бидам на врвот на ОИ во Париз

22.05.2024 Maj Sreda

Новак Ѓоковиќ нема добра година и се уште чека на првиот трофеј во 2024, меѓутоа Србинот се уште е најдобар тенисер на светот и се чини прашање е на време кога ќе проработи.

Првата можност за тоа е секако Ролан Гарос кој може да биде добра подготовка за она што за него е главна цел, Олимписките Игри во Париз.

-Освоив бронзен медал, тоа беше многу одамна во 2008 година во Пекинг. Ја имав најголемата можна чест да го носам српското знаме. Тоа искуство на свеченото отворање на Игрите го немам од Лондон 2012. Се надевам дека ќе имам можност повторно да го направам тоа и да уживам во искуството на Олимписките игри, бидејќи тие не се како ништо друго. Да ја претставуваш својата земја е голема чест и да се биде дел од најстарото спортско натпреварување, тоа не може да се спореди со ништо во мојата тениска кариера. -реќе Новак и додаде:

-Олимписките игри се нешто посебно и само да се биде во тоа село се чувствуваш особено инспириран и горд. Сепак, ќе учам од моите претходни искуства и ќе се обидам да одржам рутина за да можам да се претставам најдобро што можам, -заклучи големиот грен слем шампион.


0 views

Comments


bottom of page