Ѓоковиќ има најдобар просек во освојувањето „големи титули“
ТЕНИС – АТП
Рафаел Надал ја освои рекордната 21. тениска гранслем-титула со триумфот на Австралија опен, со што сега има 58 „големи трофеи“, четири помалку од Ѓоковиќ и четири повеќе од Федерер, пишува Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) на својата интернет-страница. АТП појаснува дека во категоријата „голема титула“ ги смета трофеите на гранслем-турнирите, потоа финалињата на АТП, турнирите од серијата Мастерс 1.000 и златните медали на летни олимписки игри (ЛОИ) во поединечна конкуренција.
Ѓоковиќ има вкупно 62 такви трофеи, и тоа 20 гранслеми, пет од финалињата на АТП и 37 титули на турнирите од серијата Мастерс 1.000. Надал има 58 „големи трофеи“, и тоа 21 гранслем, златен медал од ЛОИ и 36 трофеи од серијата Мастерс 1.000. Федерер освои 20 гранслем-трофеи, победи на шест финалињата на АТП и има 28 пехари од серијата Мастерс 1.000, вкупно 54. Ѓоковиќ ја има најдобрата стапка на победи за „големите титули“, по еден освоен трофеј на 3,3 одиграни турнири (62 пехара од 202 турнира), Надал има една титула на секои 3,5 настапи (58 од 198), а само уште двајца други тенисери имаат една титула на помалку од пет турнира, Федерер на 4,4 (54 од 240) и Пит Сампрас на 4,9 (30 од 147), пишува АТП.
ТЕНИСЕРИ ШТО НАЈЧЕСТО ОСВОЈУВААТ ТРОФЕИ
Новак Ѓоковиќ 62/202 3,3
Рафаел Надал 58/198 3,4
Роже Федерер 54/240 4,4
Пит Сампрас 30/147 4,9
Андре Агаси 27/164 6,1
колоните се трофеи и настапи на најголемите турнири (гранслем, финале на АТП, серија Мастерс 1.000 или златен олимписки медал) и просекот на одиграни турнири за еден освоен трофеј
Извор: АТП
Comments