Ѓоковиќ има желба да игра во Мадрид, но чека на здравствената состојба
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 1 min read
31.03.2026 Mart Vtornik
Новак Ѓоковиќ ја започна новата сезона во импресивен ритам, стигна до финалето на првиот грен слем турнир во Мелбурн, Австралијан опен. По настапот во Австралија, српскиот тенисер продолжи со турнирот во Индијан Велс, каде беше елиминиран во осминафиналето.
Поради повреда на рамото, Ѓоковиќ беше принуден да го пропушти турнирот во Мајами, а според последните информации, нема да настапи ниту на мастерсот во Монте Карло, кој традиционално го означува почетокот на сезоната на земјена подлога.
Сепак, позитивни вести пристигнуваат од Мадрид, каде директорот на турнирот Фелисијано Лопез најави можна појава на српскиот ас. Според неговите зборови, постојат реални шанси Ѓоковиќ да настапи на мастерсот кој ќе се одржи од 20 април до 3 мај, доколку неговата здравствена состојба дозволи.
Српскиот тенисер има богата историја на турнирот во шпанската престолнина, каде досега трипати го освојувал трофејот – во 2011, 2016 и 2019 година
Новак ЃоковиќНовак Ѓоковиќ






Comments