Ѓоковиќ им испрати јасна порака на сите оние кои го испраќаат во пензија тенис
- Aleksandar Santovski
- Apr 24
- 1 min read
24.04.2025 April Cetvrtok
Новак Ѓоковиќ се почесто е тема на разговор во светската тениска јавност поради послабите резултати кои ги остварува на најголемите турнири, па повремено има и заклучоци дека останува дел од играта само за да ги испочитува договорите со неговите водечки спонзори.
Човекот кој освои се што може да се освои во тенисот во принцип би требало да има се помалку мотив да игра тенис, но Ѓоковиќ размислува сосема поинаку и вели дека ќе игра се до моментот кога има насмевка на лицето.
Србинот беше една од ВИП личностите на „Лауреус“ церемонијата која се одржа во Мадрид, а при разговорот со „Еуроспорт“ им испрати порака на сите оние кои го испраќаат во пензија, пред тој да донесе одлука за такво нешто.
– Да немав мотив да бидам на турнирите, немаше да бидам дел од нив. Немаше веќе да играм тенис, ќе го оставев рекетот одамна….. Сепак, тоа не е случај, се уште чувствувам огромна желба и страст за натпреварување.
– Се додека тоа е тука заедно со насмевката на лицето, ќе бидам блиску до теренот. Верувам дека ќе продолжам да играм на високо ниво, грен слемовите се турнири на кои имам најголема мотивација. Веќе не сум дел од тенисерите кои имаат најмногу шанси за титула, но планирам да достигнам највисока форма за тоа што следи. Нивото кое го барам ќе го достигнам на Мастерсот во Мадрид, или на Ролан Гарос. Се надевам дека ќе заиграм на посакувано ниво уште тука во Мадрид, – изјави Ѓоковиќ.

Comments