Ѓоковиќ играше еден само еден сет, па порача: Едвај го чекам дуелот на ветераните
Новак Ѓоковиќ полесно од очекувањата се пласираше во следното коло на Мастерсот во Синсинати, бидејќи неговиот противник го предаде мечот во вториот сет.
Алехандро Давидович-Фокина секогаш бил незгоден ривал за српскиот тенисер, но утринава Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:4, а по два поена во вторито сет, следуваше и информацијата дека шпанскиот тенисер не може да го продолжи мечот поради повреда на грбот.
Тоа го одведе Ѓоковиќ до закажана пресметка со својот голем пријател Гаел Монфис, против кого нема пораз во кариерата. Ноле го искористи моментот за да го најави дуелот со убави зборови наменети за противникот.
– Гаел е неверојатно момче, носи радост за фановите и сите уживаат во неговите бравури на теренот. Се работи за еден од најхаризматичните тенисери кој се појавил последните две децении.
– Мислам дека сега игра добро како никогаш досега, сите зборуваат за моите 36 години, а што правиме со него? Прави неверојатни работи и едвај го чекам овој судир на ветерани, – рекол Ѓоковиќ, чиј дуел со нецела година постариот Монфис е закажан за во петок наутро.
Comments