Ѓоковиќ и Хуркач водат голема битка, мечот ќе се доигра во понеделник
- Aleksandar Santovski
- Jul 10, 2023
- 1 min read
Новак Ѓоковиќ и Хуберт Хуркач водат голема битка во осминафиналето на Вимблдон, но таа нивна борба за вечерва е заршена поради полицискиот час, поточно ќе продолжи утре со резултат 2-0 за вториот светски рекет.
Фантастичен меч играат Србинот и Полјакот, лесно можеше да биде 1-1 во сетови, па дури и Хуркач да води со 2-0, решеваа детали, моменти во кои Ѓоковиќ потврди зошто е фаворит и зошто е меѓу најголемите асови на сите времиња.
Немаше ниту една шанса, топка за брејк во првиот сет по што се замина во тај-брејк каде Полјакот водеше и со 6-3, но потоа се „исклучи“ и Ѓоковиќ со пет поени во низа дојде до 8-6 и водство од 1-0.
Возбудливо беше и во втората рунда во која одново дојдовме до тај-брејк во кој Новак повторно покажа ментална цврстина и со 8-6 дојде до водство од 2-0, поточно е на сет до четвртфиналето во кое го чека Андреј Рубљов.

コメント