top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ и откажа на Србија за Дејвис Купот


Новак Ѓоковиќ ги пропушти сите големи турнири на американската турнеја, па во моменти кога се игра втората седмица од Ју-Ес Опен, пристигна вест за неговиот календар.

По неиграњето во Монтреал, Синсинати и Њујорк, за очекување беше Новак да ја одржува формата со настапи на Лејвер Купот и Дејвис Купот, но сега откажа за ова второто натпреварување.

Новак нема да и помогне на Србија на турнирот во Валенсија, па така Србите ќе мора да изборат пласман на завршниот турнир без својот најдобар играч.

– Поради приватни причини, Ноле нема да биде со нас и нема да игра. Тој беше безброј пати во репрезентацијата и секогаш е отворен, но овојпат не е во можност да игра.

– Во прашање е негова лична работа и нема да навлегуваме. Тој нема да игра во Валенсија, но ќе ни се придружи ако се пласираме на завршниот турнир во Дејвис, – изјави Виктор Троицки за „Журнал“.


1 view

Comments


bottom of page