Search
Ѓоковиќ и Алкарас ги дознаа можните противници на патот до евентуалното финале на Вимблдон
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас нема да можат да се сретнат до евентуалното финале на Вимблдон, а денешниот ждреб го покажа и нивниот пат до посакуваниот трофеј.
Алкарас е прв носител, а во својот дел од ждребот ќе ги има Холгер Руне во евентуалното четвртфинале, односно Данил Медведев и Стефанос Циципас, во евентуалното полуфинале.
На страната на Ѓоковиќ се ветеранот Вавринка, Рубљов кој би му бил евентуален противник во четвртфиналето, како и двоецот Каспер Руд и Јаник Синер, од кој подобриот би играл во полуфиналето против Ѓоковиќ.
Во првото коло, противник на српскиот тенисер ќе биде Аргентинецот Педро Качин, додека Алкарас стартува против искусниот Жереми Шарди.
Comments