Ѓоковиќ „згрми“ на стартот на „Ју-Ес Опен“ и се врати на тронот на АТП листата (ВИДЕО)
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ имаше перфектен старт на последниот грен слем во оваа календарска година „Ју-Ес Опен“.
Ова за Новак е 17. настап на овој турнир, а истиот го отвори со доминација над 84. тенисер на АТП листата, Александер Милер. Ѓоковиќ важеше за апсолутен фаворит и тоа максимално го потврди на „Артур Еш“ каде го суреди ривалот за 85 минути игра.
Уште во првиот сет се види во кој правец ќе оди натпреварот затоа што Ноле одигра без грешка и истиот го реализираше со 6-0. Во продолжението Французинот се подобри и во наредните два сета освои пет гејма за конечни 6-2 и 6-3. Со ова славје големиот грен слем шампион си обезбеди враќање на првото место на АТП ранг листата од 11 септември.
Тој веќе има толку бодови колку што му се потребни за да биде број еден, поточно го симне од тронот Карлос Алкарас.
Нареден ривал му е Шпанецот, Бернабе Запата Миралјес.
Comments