Ѓоковиќ загуби сет, но ја мина првата пречка на Ју-Ес Опен
Updated: Sep 3, 2021
02.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Новак Ѓоковиќ е фаворит број еден за освојување на Ју-Ес Опен, а утринава веќе ја мина првата пречка во битката за уште еден грен-слем трофеј.
Српскиот тенисер можеби неочекувано загуби сет од квалификантот Холгер Руне од Данска, но релативно лесно ги доби трите сета потребни за победа од 3:1.
Ѓоковиќ тргна убедливо и го доби првиот сет со 6:1, но следуваше одличен втор сет на Руне, во кој Данецот избори тај-брејк и таму изненадувачки беше поуспешен од големиот фаворит.
Подоцна, светскиот рекет број еден ја заврши работата, добивајќи ги следните два сета со 6:2 и 6:1, обезбедувајќи место во втората рунда.
Таму Ѓоковиќ повторно има противник кој не е дел од Топ 100, а се работи за Холанѓанецот Талон Грикспор.

Comments