Ѓоковиќ заврши во ѕид, собирачот на топки еуфорично прослави поен над Србинот
Новак Ѓоковиќ најде решение за незгодниот сервер Максим Креси и успеа да го неутрализира благодарение на својот извонреден ритерн, кој вчера беше клучен за да оствари тесна победа во два сета.
Србинот направи само еден брејк и победи со 7:6 и 6:4 во првиот меч кој го одигра на Берси арената во Париз, каде Ноле по мечот имал време и за децата кои се задолжени за собирање топчиња.
Ѓоковиќ им приредил незаборавно искуство и решил да игра пинг-понг со еден од тинејџерите на мини маса, а видеото го сподели и самиот тој преку социјалните мрежи.
Од тоа што може да се види, Новак беше забиен во ѕид, а собирачот на топки еуфорично го прослави поенот освоен против големиот грен слем шампион.
Србинот денеска е слободен на турнирот во Париз, но затоа обврски ќе има утре кога во третото коло ќе ги одмери силите со Карен Хачанов.
Comments