Ѓоковиќ за тоа како сака да ја заврши оваа сезона: Има две цели кои сакам да ги остварам
19.07.2021 Juli Ponedelnik
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ по успешно одработената задача на Вимблдон е максимално фокусиран на настапот на Летните Олимписки Игри.
Српскиот ас иако не беше сигурен на крајот сепак се одлучи да замине во Токио каде ќе се обиде да дојде до медал кој му фали во неговата колекција на трофеи, успеси во кариерата.
-Чувството кога ја претставувате својата земја на најголемото шоу во историјата на спортот е незаменливо, -истакна Ноле кој по пехарите на Австрлија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон има уште две цели кои сака да ги оствари до крајот на актуелнава сезона.
-Освојувањето на три грен слема беше врвот за мене во тие најдобри сезони во 2011 и 2015 година. Оваа година веќе ги освоив првите три грен слем турнири. Остануваат уште Ју-Ес Опен и ОИ. Ова се двете најголеми цели до крајот на годината. Напорно е, ама поради низата победи што ги имам, јас сум самоуверен и имам самодоверба. Мојата цел е да дојдам до медали, се надевам златни. Одам по златен медал, не е тајна. Потоа ќе размислам за Њујорк, да се обидам се да комплетирам, -порача Ноле за агенцијата „МИНА“.
Comments