top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ за својот следен ривал на Вимблдон: Очекувајте огномет во понеделник

08.07.2024 Juli Ponedelnik

Новак Ѓоковиќ го мина и третиот тест на Вимблдон и си обезбеди втора недела на англискиот грен слем, турнир на кој пристигна неполни четири седмици по направената операција на коленото.

Иако многумина го отпишаа од настап, Ноле уште еднаш воодушеви со својата посветеност и неверојатна физичка подготовка, па иако загуби два сета во првите три рунди, најважно е за него е што се пласираше во осминафиналето.

Во оваа фаза, Новак сега ќе го има првиот тежок и сериозен предизвик, а тоа го очекува и самиот Србин кој добро го познава Холгер Руне.

Младиот Данец правеше пресврт и се врати од два сета негатива против Халис, па сега ќе се обиде вторпат во низа да стигне до четвртфиналето на Вимблдон.

– Многу добро се согласувам со Руне, тој е навистина фино момче. Секогаш се однесувал добро кон мене и мојот тим, а истото важи и обратно. Секогаш сум се обидувал да бидам достапен за совет, или било што. Се почитуваме еден со друг и имаме сличен стил на игра, но кога е во прашање натпреварувачкиот дух, и двајцата имаме оган во себе.

– Сигурен сум дека ќе има огномет во понеделник, очекувајте огномет на теренот. Руне е спектакуларен играч и сака да игра на највисока сцена. Тој ќе биде многу незгоден противник, ќе мора да одиграм најдобро што можам за да го победам, – изјави Ѓоковиќ.


1 view

Comments


bottom of page