top of page

Ѓоковиќ за проблемите во вториот сет: Се надевам дека ова нема да ми се повтори

25.08.2025 Avgust Ponedelnik

Новак Ѓоковиќ остана без енергија во вториот сет од мечот со Лернер Тиен и ризикуваше да го врати противникот во игра, но Србинот успеа да спаси сет топка и потоа го доби овој дел од играта во тајбрејкот.

Добиениот втор сет влијаеше позитивно врз психолошката и физичката состојба на српскиот тенисер, кој без загубен сет се пласираше во второто коло на Ју-Ес Опен, турнир на кој пристигна без ниту еден одигран меч од Вимблдон.

– ПОчнав навистина добро и одлично, првиот сет траеше дваесетина минути и се изгледаше добро, но потоа вториот сет започна со некои долги поени и долги гејмови.

– Бев изненаден колку лошо изгледав во физичка гледна точка во еден момент, направив многу неизнудени грешки и го вратив противникот во игра. Мило ми е што успеав да се рестартирам по вториот сет, бидејќи третиот беше сосема коректен од моја страна.

– Се надевам дека вакво нешто нема да ми се повтори, мислам на тоа како се чувствував физички во вториот сет. Добро е што сега имам два дена одмор пред новиот предизвик во второто коло, – изјави Ѓоковиќ.

– Немам никакви проблеми со повреди, едноставно се мачев физички и настана тензија на теренот. Немам играно официјален меч речиси два месеци и морав да преживувам во вториот сет. Се на се, првиот настап не изгледаше лошо, можеби и подобро е да се мачам за да се пробие ледот, – заврши Србинот.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page