Ѓоковиќ за потенцијалниот ривал во третото коло: Ми зема два грен слема…
Новак Ѓоковиќ се справи со Џордан Томпсон и избори пласман во третото коло на третиот календарски грен слем Вимблдон.
Вториот светски рекет славеше со 6:3, 7:6, 7:5 и сега мирно ќе може да сочека кој ќе биде негов нареден противник со тоа што една од опциите е тоа да биде Стен Вавринка.
Ѓоковиќ има водено достабитки со Вавринка во минатото, па Швајцарцот дури и го има добиено во две финалиња на најголемата тениска сцена.
-Ми зеде два грен слема, ме победи во две финалиња! Го сакам Стен, тој е одлична личност и прави извонредни работи, го прави она што не може секој да го направи. И понатаму испишува историја во тенисот, а имаше и операции на коленото… Тој е трикратен грен слем шампион, тоа секако е многу за почитување по сето она низ кое помина. Сè уште е тука. Тој има еден од најдобрите бекхендови што сум ги видел, силен, комплетен, може да игра на сите подлоги. Би сакал повторно да се сретнеме, тоа би било судир на двајца ветерани, -порача Новак.
Сепак за да се случи ова Вавринка ќе мора прво да биде подобар од Томас Мартин Ечевери.
Comments