Ѓоковиќ за потегот кој го направи: Не знам дали ќе ме казнат, најмалку што можев…
Новак Ѓоковиќ немаше проблеми во првото коло на Ролан Гарос каде со чисти 3-0 славеше над Александар Ковачевиќ од Соединетите Американски Држави.
Големиот грен слем шампион победи со 6:3, 6:2, 7:6 (1), а по истата имаше еден потег за кој може да заработи казна. Тој на камерата напиша „Косово е срцето на Србија, стоп за насилството“, односно со ова ги искоментира последните случувања кај нашиот сосед.
-Мислам дека се кажав. Не сум политичар и немам намера да навлегувам во политички дебати. Темата е чувствителна и секако многу ме боли она што се случува на Косово. Нашите луѓе се избркани од општините. Најмалку што можев е ова да го направам. Чувствувам одговорност како јавна личност. Како син на човек кој е роден во Косово чувствувам дополнителната одговорност да изразам поддршка за луѓето и Србија.
-Многумина не знаат што носи иднината за Косово и српскиот народ и е многу важно да се покаже слога и поддршка во вакви ситуации. Не знам што ќе биде, имаше многу забелешки од странски новинари на социјалните мрежи. Не знам дали ќе ме казнат. Ама не се каам, повторно истото би го направил. Јас сум против војни, насилство, конфликт и секогаш го искажував тоа во јавноста. И се разбира имам сочувство кон сите луѓе, но едноставно оваа состојба со Косово е преседан во Меѓународното право и Повелбата на ООН. Знаеме што се случи, знаеме сите за Резолуција 1244.
-Многу ми е жал што што сме во ситуација што е незавидна за нас. Косово е наше огниште, упориште, центар на најважните настани за нашата земја. Најголемата битка се случи таму, најважните манастири се таму. Постојат многу причини зошто го напишав тоана камерата, -порача Новак.
Comments