Ѓоковиќ за повредата на Надал: Не сум изненаден, не може да оди…
Новак Ѓоковиќ ја загуби битката со Рафаел Надал во Париз, а тоа значи дека останува без пехарот на Ролан Гарос со оглед на тоа што лани беше број еден на овој грен слем.
Првиот светски рекет се бореше, имаше свои шанси да го одведе мечот во петти сет, меѓутоа противникот се врати и со 3-1 обезбеди полуфинале во кое ќе ги одмери силите со Александер Зверев.
Надал делуваше добро на теренот, односно не се почувствува никаков проблем со движењето поради стапалото, па токму за овој момент Ѓоковиќ доби можност да даде коментар.
-Не видов дека има проблеми. Воопшто не ме изненади. Ова не е прв пат два дена откако не може да оди поради повреда, да излезе на терен 100 проценти физички подготвен. Тоа веќе го има направено многу пати во текот на кариерата, па не сум изненаден, -истакна Ѓоковиќ.
Шпанскиот ас пак не сакаше премногу да говори за тој негов хроничен проблем, поточно порача дека ќе каже нешто повеќе по крајот на турнирот.
-Реков во Рим дека ќе имам лекар со мене. Докторот е тука да прави работи што ми помагаат, нели? Не е време да се зборува за тоа. Реков дека ќе зборувам за тоа кога ќе заврши турнирот. Дадов се од себе за да се обидам да го одиграм турнирот во најдобра можна состојба. Не знам што ќе се случи понатаму, искрено, но јас сум тука и мислам дека ќе биде добро, -рече бикот од Мајорка.
Comments