Ѓоковиќ за жестоките пцовки: Публиката во Париз секогаш е „многу специјална“ (Видео)
Новак Ѓоковиќ имаше сериозни проблеми во дуелот со холандскиот ривал Грикспор, но по три сета обезбеди пласман во следната рунда на Мастерсот во Париз.
Српскиот тенисер во еден момент испрати пцовки до париската публика и тој конфликт и во овој случај имаше позитивно влијание врз него во решавачките моменти, а новинарите го прашале што се случувало и дали тој намерно провоцирал за да добие дополнителна мотивација.
– Вие мислите дека јас ја провоцирав публиката, а не спротивно? Не се сложувам, бидејќи не направив никаква провокација, но така обично излегува на крајот. Париската публика е „многу специјална“ и тоа се зборови кои најдобро ја опишуваат, но во ред… одговорил српскиот тенисер.
– Ако сакате мој став, ќе кажам дека се работеше за непочитување на двајцата тенисери, во моментите кога се „кршеше“ мечот. Публиката сакаше да влијае на неговиот, но на крајот победи тенисот, – изјавил Србинот.
Komentarze