Ѓоковиќ договори 77. Мастерс полуфинале со сензацијата во Шангај Тенис
- Aleksandar Santovski
- Oct 9
- 1 min read
09.10.2025 Oktomvri Cetvrtok
Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Шангај, откако во четвртфиналниот дуел го совлада белгискиот тенисер Зизу Бергс. Најтрофејниот светски тенисер до победата стигна по час и 52 минути игра, со конечен резултат од 2-0 во сетови (6-3, 7-5).
Ѓоковиќ уште еднаш ја потврди својата доминација на тврда подлога, покажувајќи извонредна ментална стабилност во клучните моменти од мечот. Првиот сет го реши со сигурен брејк, а во вториот одби неколку опасни напади на белгискиот тенисер, кој на моменти прикажа одлична агресивност и стабилен сервис. Сепак, искусниот Србин не дозволи изненадување, успеа да ја задржи контролата и со прецизна игра во завршницата ја потврди победата.
Со овој триумф, Ѓоковиќ обезбеди пласман во своето 77. полуфинале на Мастерс турнирите. Во полуфиналето ќе се соочи со Валентин Вашеро од Монако, кој со сензационална победа над фаворизираниот Холгер Руне избори најголем успех во својата кариера.






Comments