Ѓоковиќ доби специјален подарок од Перез, Надал полуде по победничкиот гол на Белингам
22.04.2024 April Ponedelnik
„Ел Класико“ за многумина е најважниот фудбалски натпревар во светот, а шансата да бидат дел од големиот настан не ја испуштаат и останати големи ѕвезди од другите сфери во спортот.
Рафаел Надал како голем фан на Реал Мадрид вчера имаше посебно место во ВИП ложата на „Бернабеу“, но дел од фудбалскиот спектакл беше и Новак Ѓоковиќ.
Светскиот рекет број еден беше специјален гостин на Реал и клубот сподели дека Србинот добил специјален подарок од Флорентино Перез, а интересно е и тоа што Ноле одговорил позитивно на прашањето кое го добил при интервјуто.
Новак заклучил дека реновираниот „Бернабеу“ сега е најдобар фудбалски стадион во светот, здание на кое вчера Реал успеа да направи пресврт против Барселона за победа од 3:2.
Тенискиот крем на „Бернабеу“ беше побогат и за Карлос Алкарас, но клупската телевизија на Реал посебно ја истакна реакција на Рафа Надал по победничкиот гол на Белингам во 91-та минута.
Comments