Ѓоковиќ: Доаѓаат нови генерации, но јас не се плашам
Новак Ѓоковиќ одлично ја одработи денешната задача на турнирот во Дубаи каде го совлада Талон Грикспор со 2-0 во сетови.
За разлика од вчерашниот меч на кој Србинот мораше доста да се потроши и да игра три сета за да слави денеска го крена нивото на игра и уверливо стигна до четвртфиналето во кое ќе ги одмери силите со Хуберт Хуркач.
-Одлична вечер. Вчера имав многу работа, од почетокот бев остар. Дефинитивно беше подобар квалитетот на тенисот. Можеби последните три или четири гејма не беа најдобри, но најдов начин да го затворам мечот. Задоволен сум од играта, се надевам дека работите одат во вистински правец, -порача Ноле.
-Бев многу поблизу до моето најдобро ниво. Не очекував да играм толку добро, земајќи го предвид вчерашниот натпревар. Одиме, секој ден е нова можност, мило ми е што играв толку добро вечерва, -додаде Ѓоковиќ кој го пофали противникот, но и воедно испрати јасна порака до новата генерација.
-Игравме еднаш пред неколку години. Има силни удари, добро сервира, се обидува да ги диктира поените со форхенд. Знаев дека морам да му одземам време за удар. Тој напредуваше многу, новата генерација доаѓа, но не се плашам, -порача првиот светски рекет.
コメント