top of page

Ѓоковиќ доаѓа во Зеница со поддршка за Босна во клучниот меч за пласман на СП!

30.03.2026 Mart Ponedelnik

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе присуствува на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Италија во Зеница.

Тој ќе го гледа во живо плеј-оф мечот за пласман на Светското првенство, кој ќе се одигра на стадионот „Билино поле“.

Ѓоковиќ на социјалните мрежи претходно им честита на фудбалерите на Босна и Херцеговина, вклучително и на Един Џеко, по нивниот успех во полуфиналето против Велс.

Мечот со Италија ќе се одигра на 31 март, а очигледно, домашната селекција ќе има голема поддршка од најуспешниот тенисер на сите времиња. 


 
 
 

Comments


bottom of page