top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ даде џентлменски одговор откако беше прогласен за најголем играч на сите времиња

Новак Ѓоковиќ вчера испиша нова тениска историја со освоената трета титула на Ролан Гарос, која за него беше вкупно 23-та во кариера и постави апсолутен рекорд во „белиот спорт“.

Србинот го мина рекордот на Рафаел Надал од 22 освоени грен слем титули и изби на врвот на вечната листа, па поради големиот триумф во Париз, многумина ставија крај на дебатите и почнаа да го нарекуваат најголем играч на сите времиња.

Оваа тема се префрли и на прес-конференцијата која ја одржа Ноле на „Филип Шатрие“, но оттаму големиот тениски мајстор испрати моќна и коректна порака, со која не сакаше да ги навреди поранешните шампиони.

– Ви благодарам на комлиментите, но нема да кажам дека сум најголем на сите времиња, тоа би било непочитување кон сите шампиони кои ги имавме во различни ери. Секоја генерација имаше големи шампиони и го трасираше нашиот пат. Тие дискусии ги оставам за другите, јас имам голема верба во себе, верував во себе и знам за што сум способен на теренот. Овој трофеј е уште една потврда за квалитетот на тенис кој можам да го прикажам. Секоја година за мене најважни се грен слем турнирите, да ми кажеше некој на стартот на сезоната дека ќе ги освојам првите два, веднаш ќе потпишев.

– Не играв добро на подготвителните турнири пред Париз, но кога пристигнав тука, веднаш се почувствува поинаку. Знам дека многу од тенисерите чувствуваат притисок кога играат пет сета против мене и навистина тоа ми одговара. Ова не е крај на патот, се уште сум мотивиран и не планирам да застанам. Следна станица е Вимблдон, – изјави Ноле.


0 views

Comments


bottom of page