top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ го состави својот идеален тенисер: Од Надал и Федерер…

Новак Ѓоковиќ продолжува да реди победи на Вимблдон и да биде се поблиску до нов голем успех, резултат на турнирот на кој е доминантен последните години и ја брани титулата.

Српскиот ас обезбеди дуел со Јаник Синер, но пред да дојде таа битка Новак имаше можност да го состави својот идеален тенисер, играч со квалитети, најсилни страни на неговите колеги

-Високите момци имаат најдоба сервис почнувајќи од Опелка, Изнер и Карловиќ. Тука е и Ник Кирјос кој не е супер висок, но има многу ефикасен прв и втор почетен удар. Најдобри форхенди имаат Федерер и Надал. Различни, но ефективни на свој начин. Што се однесува до бекхенд и ритерн, изборот паѓа на Мари, а ако погледнам низ историјата тука е сигурно и Андре Агаси.

-Бјорн Борг имаше неверојатно движење. Не сум играл против него, но така сите велат. Стефан Едберг и Патрик Рафтер ги имаа најдобрите волеј удари, -рече Ноле кој приказната ја заврши со со ментална сила и борбениот дух.

-Би можел сам се издвојам, ама не сакам. Повторно Федерер и Надал, -заклучи Ѓоковиќ.


1 view

Comments


bottom of page