top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ го скрши отпорот на незгодниот Креси

Новак Ѓоковиќ го започна настапот на Мастерсот во Париз со победа, но налета на незгоден противник, односно Максим Креси.

Побрзата подлога во француската метропола му одговараше на Американецот кој добро парираше во првиот сет и истиот го одведе во тај-брејк.

Ѓоковиќ ги искористи квалитетот и искуството за да издоминира и да го добие првиот сет со 7:6, за во вториот повторно да го „скрши“ противникот во клучен момент.

Српскиот тенисер направи брејк во деветтиот гејм, поведе со 5:4, а на свој сервис ја потврди победата од 2:0.

Следен противник на Ѓоковиќ во Париз ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Хачанов и Хислер.


0 views

Comments


bottom of page