Ѓоковиќ го пофали „чудотворецот“ кој го остави во игра за титулата: Се е подобро кога имате магични
16.02.2021 februari vtornik
Новак Ѓоковиќ во неколку наврати ги загуби нервите во дуелот со Александер Зверев, но сепак успеа да ги надмине сите непријатни ситуации и се пласираше во ново полуфинале на Австралија Опен.
Иако се жали на здравствени проблеми од дуелот од третото коло со Тејлор Фриц, Новак најде решение за Милош Раониќ и Александер Зверев, па откако издржа напорни четири сета против младиот германски тенисер, не пропушти да го пофали човекот кој е многу важен дел од неговиот тим и кој го добива епитетот на чудотворец.
Ѓоковиќ има сериозен предзивик кога е рекуперацијата во прашање поради мускулната повреда која ја влече, но како што вели самиот, магичните раце на Улисес Бадио прават чуда и се чувствува се подобро на теренот.
– Навистина не се мачев како претходните денови, барем кога е повредата во прашање. Повредите се случуваат, но кога имате магични раце како оние на мојот физиотерапевт, се е подобро. Тимот ми помогна да се извлечам од непријатна ситуација, тие ме вратија во живот и можат да се натпреварувам, – изјави светскиот рекет број еден, оддавајќи му признание на Аргентинецот од својот тим.
– Од денешниот меч со Саша, не може да се издвои само еден одлучувачки момент. Ова беше вртелешка, во секоја смисла на зборот. Не почнав добро, ми требаше време да се загреам, да влезам во ритам, беше навситина тежок меч. Знаев дека ќе ми биде најтешко до сега на турнирот, до последниот сервис беше неизвесно, немаше да биде незаслужено ако победеше и Зверев, – изјави Србинот кој во полуфиналето ќе игра против најголемото изненадување на турнирот, Русинот Каратсев.
コメント