top of page

Ѓоковиќ го потврди учеството на Мастерсот во Синсинати тенис

01.08.2026 Avgust Sabota

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска потврди дека ќе игра на претстојниот Мастерс турнир во Синсинати, САД.

По полуфиналето на грен слем турнирот Вимблдон, Ѓоковиќ одлучи да го пропушти Мастерсот во Монтреал, па Синсинати ќе биде неговиот последен тест пред Отвореното првенство на САД.

– Се враќам на ова натпреварување за прв пат од 2023 година, кога играв веројатно едно од најдобрите финалиња на Мастерсот во мојата кариера. Едвај чекам да играм пред сите вас и да ги видам фановите ширум светот кои ќе бидат таму. Се гледаме наскоро – рече Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Покрај Ѓоковиќ, на списокот на учесници за Мастерсот во Синсинати се и Јаник Синер, Карлос Алкараз и Александер Зверев.

Србинот последен пат играше во Синсинати во 2023 година, кога го победи Алкараз со 2:1 во финалето по речиси четири часа игра.


 
 
 

Comments


bottom of page