top of page

Ѓоковиќ го победи Шаповалов и ќе се бори за 20 Грен слем трофеј

09.07.2021 Juli Petok

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон, откако со 3:0 по сетови славеше против Канаѓанецот, Денис Шаповалов. Светскиот тенисер број еден немаше поголеми проблеми со Шаповалов кој пружи достоен отпор, но немаше никакви сили за некаква сензација. 22 годишниот тенисер грешеше во клучните моменти од натпреварот и самиот си правеше проблеми во обидите да го нападне Ѓоковиќ кој одигра уште еден смирен натпревар. Во финалето кое е закажано за во недела, Ѓоковиќ ќе се сретне со Беретини од Италија и ќе има можност да стигне до својот 20 Грен слем трофеј, со што ќе се изедначи со Рафаел Надал и Рожер Федерер.




 
 
 

Kommentarer


bottom of page