Ѓоковиќ го избегна Синер, но доби тежок ждреб на Ролан Гарос
- Aleksandar Santovski
- May 23
- 1 min read
22.05.2026 Maj Petok
Новак Ѓоковиќ немаше посакувани резултати во пресрет на Ролан Гарос, но никој не може да го исклучи ветеранот во битката за престижниот трофеј во Париз.
Српскиот ас посакува зголемување на грен-слем колекцијата, овојпат во конкуренција нема да биде Карлос Алкарас, а Јаник Синер ќе биде во другата половина од ждребот.
Денешната ждрепка одлучи Ѓоковиќ да има потенцијално соочување со светскиот рекет број еден само во потенцијалното финале, но сепак му донесе тежок распоред на Ноле.
Во првата рунда, противник на српскиот тенисер ќе му биде домашниот претставник Перикар, втората рунда му носи полесен ривал, но затоа во третата може да се соочи со талентираниот Жоао Фонсека од Бразил, кој веќе најави дека поседува сериозен потенцијал.
Дури и да нема никакви проблеми со многу помладиот колега, Ѓоковиќ во четвртата рунда оди на потенцијално соочување со Каспер Руд, кој неодамна играше финале на Мастерсот во Рим.
Во продолжение од турнирот, Ѓоковиќ може да има дуели со Де Минор, Рубљов, Зверев, Фриц и Меншик, а само во финалето може да се сретне со играчи како Синер и Медведев.






Comments